ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Титаник 3“: Гури и Алими повторно осудени на три и пол години затвор

Затворски казни од по три години и шеет месеци добија Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ од Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

Advertisements

Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, а казните се исти како и во првиот судски процес.

Повтореното судење следува откако двајцата по првата првостепена пресуда, но Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда и го врати случајот на почеток.

И денешната пресуда на Основниот кривичен суд не е правосилна односно странките имаат право на жалба до Апелација која овој пат ќе треба да одлучи мериторно.

Двајцата провостепено осудени се единствените поистакнати функционери од ДУИ за кои се дојде до пресуда во случаите што ги отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Според нивните генералии што беа прилично денеска при изрекување на пресудата, Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби.

Алими и Гури за „Титаник 3“ добија обвинение во јуни 2017 година за делото уништување на изборен материјал – се товареа дека на локалните избори во 2013 менувале дел од записниците за гласањето во Чаир.

Првото судење започна во март 2018, а до пресуда дојде после две години – на 31 март 2020 година. На затворските казни од три и пол години се жалеа и обвинетите, но и обвинителството кое не беше задоволно од висината на казните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button