ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР потврдува дека двајца напаѓачи стојат зад убиството во Ханиоти

Министерството за надворешни работи информира дека амбасадата во Атина стапила во контакт со надлежните грчки институции и со полицијата во Солун, од каде што потврдиле дека во Сани Вилас, Ханиоти, две маскирани лица пукале врз двајца државјани на Северна Македонија.

Advertisements

„Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде што едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, соопштуваат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button