ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арабати баба-теќе во Тетово се уништува секој ден

Почнало да се гради во втората половина на 18 век, од страна на Реџеп Паша, а бидејќи биле потребни десет години да се изгради Арабати баба теќето, синот на Реџеп-паша продолжил со изградбата и доизградбата на оваа теќе. Навистина прекрасно културно богатство среде град Тетово. Но, што се случува сега по 485 години. Истото е оставено на забот на времето кое го еродира и уништува од ден на ден, додека локалната и централната власт како да немаат уши и очи да го зачуваат ова здание, кое се уништува од ден на ден.

Advertisements

Последната инвестиција не се памети кога е направена, а и малкуте реновирања што се гледаат во просториите каде што стои бекташката заедница, според Дервишот, се направени самоиницијативно.

„Теќето има потреба од многу интервенции, но за жал, од кога сме тука, од 1994 година, Владата на Македонија не стави ниту една шајка. Пред четири-пет години ТИКА се договори не со нас туку со ИВЗ и проектот постои, но останува во владата и ништо не е реализирано. Се се уништува од овој дел овде и светилиштето на ИВЗ таму, што е друга работа, но остатокот е целосно уништен“, рече Абдилмуталип Беќири, дервиш на Теќето.

Со нерегулирањето на Теќето Арабати Баба многу губи и градот кој го посетуваат странски посетители . Од општина Тетово велат дека надлежности има централната власт, поточно Министерството за култура, од кое бараат што поскоро да интервенира во Теќето со цел да се врати сјајот и важноста на овој 500 -годишен комплекс.

„Факт е дека теќето се уништува затоа што со години не сме инвестирале во тој дел, но пак велам, да не бегаме од одговорност како институција, туку немаме ни надлежност да интервенираме во тоа културно богатство, дури и ако е еден од најпосетуваните објекти во Тетово заедно со шарената џамија. Несомнено дека ова неинвестирање има влијание врз намалувањето на бројот на посетители бидејќи тој објект во моментов е нефункционален и надвор од она што заслужува да биде како културен објект во нашиот град“, рече Назми Даути, Сектор за култура на Општина Тетово.

Теќето Арабати баба не е единствениот културен објект кој трпи оштетувања и во кој не се инвестира. Друг објект кој е подеднакво важен за Тетово е Градското кале, кое повеќе наликува на руина отколку на градски замок.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button