ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Продолжува топлотниот бран: Температури и над 40 степени

Земјава и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, најавува УХМР.
Дневните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат над 35 степени целзиусови, а на некои место и над 40 степени поради што активно ќе биде портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот исто така ќе биде со висока вредност – 10.
Конкретно за денеска, се очекува сончево и топло време, а на некои места да има мала локална облачност со слаб до умерен ветер. Утринската температура ќе биде од 16 до 23, а дневната од 33 до 40 степени.