ВЕСТИРЕГИОН

Вархеји во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Тирана на работен ручек со лидерите на земјите од Западниот Балкан, соопшти Европската комисија.

Advertisements

Според албанските медидум, на средбата, чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, потврдено е учеството на премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги од Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, од Србија, Ана Брнабиќ и од Црна Гора, Дритан Абазовиќ. Единствено косовскиот премиер Албин Курти до вчера го немаше потврдено своето присуство на состанокот.

Средбата во Тирана е замислена како неформален состанок посветен на актуелните состојби во регионот и на подготовките на Самитот на Берлинскиот процес предвиден за во октомври во главниот град на Албанија.

Во пресрет на денешната средба, Вархеји минатата недела обраќајќи се на сесијата на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), нагласи дека Европската комисија продолжува да го поддржува реформскиот процес во земјите кандидати за членство и државите од соседството за нивна вистинска трансформација.

Тој потенцира дека еден од главните столбови на оваа трансформација се амбициозните економски и инвестициски планови, во чии рамки за земјите од Западниот Балкан е предвидена поддршка од 30 милијарди евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button