ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Концесиите за Иловица се дадени од ДПМНЕ и Груевски

Концесиите за рудникот во Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, кому Христијан Мицкоски му беше советник, велат од СДСМ. Одлуката, како што наведуваат во соопштение од партијата, е донесена на 16 јуни 2012 година, а потпишана од Зоран Ставревски и објавена во „Службен весник“ во истиот месец 2012 година.

Advertisements

„И општините во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село носат одлуки за отворање на рудник. Денеска кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие. Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години. СДСМ од прв ден бил против тие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Никола Груевски во 2016 година најавуваше отворање на 10 рудници во југоисточниот регион, СДСМ беше против“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button