СВЕТ

Пожар на аеродромот во Катанија, откажани сите летови до среда

На меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија ноќеска избувнал пожар, што набрзо бил изгаснат.

Advertisements

Сите летови од аеродромот се откажани до 19 јули до 14 часот, соопшти компанијата што управува со тој аеродром SAC.

Пожарот, што избувнал синоќа во 23 часот и 29 минути и веднаш бил пријавен кај пожарникарите, за кусо време бил изгаснат, а патниците биле евакуирани од аеродромската зграда полна со чад.

Новинската агенција Анса објави дека по избувнувањето на пожарот, во долниот дел од зградата се појавил густ чад, поради што луѓето панично бегале од аеродромот. Притоа имало и патничко стампедо, но нема посериозни повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button