МАКЕДОНИЈА

Депонијата во Русино повторно запалена!

Неколку дена по договорот меѓу општините и демонстрантите од „Стоп Русино“, депонијата повторно гори. Од општина Гостивар, која исто така има обврска да ја одржува и да се грижи за депонијата, велат дека пожарот е подметнат намерно, а полицијата не ги пронаоѓа подметнувачите.

Advertisements

„Во целиот овој период постои тенденција од човечки фактор оваа работа да излезе од контрола и еве, тоа се повторува често. Сметаме дека човечкиот фактор игра улога во овие пожари што се случија, особено во овој период кога температурите се ниски и кога можноста за самозапалување е многу мала. Ова се случува многу често и сè уште немаме никакви резултати од поднесената тужба“, рече Валбон Лимани Општина Гостивар.

Фатби Илјази од  „Стоп Русино“ најави нови протести и тужби против надлежните институции.

„Верувам дека тие се свесни и знаат дека според законот сите имаме право да имаме чист воздух и ако тие не ги почитуваат, јас ќе бидам првиот што ќе поднесе лична тужба против сите за загадување на мојот личен воздух, на моето семејство и општеството. Таму горе ништо не се работи“, вели Илјази.

Министерството за екологија вети дека во рок од пет години депонијата во Русино ќе биде затворена и ќе се најде друга локација далеку од населените места.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button