СПОРТФУДБАЛ

Алиоски рамо до рамо со Фирмино, во нова етапа со Ал Ахли

Една година поcле заемот во турски Фенербахче, македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски се врати во Саудиски Ал Ахли и тргна со подготовките со својот клуб.

Advertisements

Алиоски во Саудиска Арабија дојде пред две лета како слободен играч откако му заврши договорот со Лидс, но после една сезона во која беше најдобар лев бек во С.Арабија, замина на заем во Истанбул, но Фенер не го откупи и сега тргнува во втора епизода со саудијците. Овојпат Ал Ахли засилен со Роберто Фирмино и Едуард Менди и со најава на доаѓање на Ријад Марез, најавува високи амбиции.

Засега тројца македонски репрезентативци се дел од саудискиот фудбал, покрај Алиоски и Дарко Велковски кој е член на Ал Етифах и Александар Трајковски, член на Ал Фејха./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button