ВЕСТИСВЕТ

ОН: Околу 9 300 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Според податоци на Обединетите Нации, од почетокот на руската инвазија врз Украина во земјата се убиени околу 9 300 цивили, а над 16 300 се повредени, јави украинската агенција Укринформ.

Advertisements

„Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (од почетокот на руската инвазија), 9 287 цивили се убиени, а 16 384 се повредени, главно во гранатирање од страна на руските вооружени сили, изјави заменик генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари Дикарло, на седница на Советот за безбедност.

Податоците на ОН покажуваат дека 537 од загинатите и 1 117 од повредените се деца.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button