ВЕСТИЗДРАВСТВО

Црвениот крст дели вода по скопските улици за разладување од горештините

Во време на портокалова фаза и жешки температури, Црвениот крст во најтоплите часови од денот од 11 до 17 часот спроведува акција за дистрибуција на вода низ најфреквентните точки на главниот град.

Advertisements

„Како што можете да видите на терен, најчесто застануваме на автобуските станици, каде жештината е голема. Има интерес, луѓето не научија веќе, кога ќе ја видат колата се подготвуваат да земат вода. Да ви кажам искрено, досега сме споделиле повеќе од 200, бидејќи цело време се движиме од Мавровка до Бутел… Повеќе од 500, особено во текот на работните денови“, рече Алајдин Сулејмани, Црвен крст општина Чаир.

Сулејмани вели дека околу 14 часот е намалено движењето на граѓаните низ улиците, кога се избегнува екстремната жештина.

„Како што гледаме, од 2 часот движењето се намалува, не е тој проток на луѓе, само некој кој мора да излезе е на улиците, изгледа се почитуваат мерките затоа што многу е жешка. Во овој наш регион во Чаир не наидовме на ниту еден, туку само една пациентка сакаше да го провери притисокот, мислеше да нема проблем со притисокот, но фала богу немаше. Се работи за недостиг на вода, нормално е, притисокот паѓа од топлината“, додава Сулејмани.

Црвениот крст дистрибуира вода низ територијата на Скопје, екипите се подвижни, поделени по територии и ги опфаќаат сите општини кои се во рамките на Градот.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button