
Со порастот на температурите, гостиварската Итна помош соопштува дека е зголемен бројот на пациенти кои бараат лекарска помош во текот на денот, како последица на горештините што ја зафатија државата. Според лекарите, помош повеќе бараат постарите лица, кои имаат проблеми со притисокот и проблеми со дишните органи, но и кои губат сила во текот на денот како последица на високите температури.
„Премногу е жешко, ова е голема катастрофа, бегаме под сенки каде и да ги најдеме, а понекогаш бегаме и од овде. Премногу е жешко. Не треба, не треба да се излегува, но кога имате проблем или потреба од залихи, морате брзо да излезете и да побегнете“…
„Не фати голема шештина, ми се покачи притисокот, целосно ме разболе. Излеговме да набавиме залихи од пазар и да си одиме“…
„Вака се заштитуваме од топлината, повеќе на свеж воздух, консумираме повеќе свежа храна“.
„Повеќе седиме под сенка. Не мачи многу, особено оние што се стари, повеќе ги боли, особено оние што имаат шеќерна болест, притисок, затоа е подобро да се седи дома“, велат граѓаните.
Територијалната противпожарна единица во Гостивар е ставена во состојба на готовност, а апелираат до граѓаните за максимална внимателност при палење пожари кои во овие жешки времиња брзо се шират, па дури и може да бидат фатални.
„За среќа во последните неколку дена немаше многу интервенции поради високата температура, меѓутоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни со пожарите, дури и кога треба да го запалат огнот, тој да биде целосно изгаснат. Имаме доволно персонал и број на пожарникари и сме подготвени“, рече Јусуф Бајрами. Раководител на ТППЕ Гостивар.
И лекарите во Гостивар го повикуваат населението, особено хронично болните, старите и трудниците, да не излегуваат надвор од 11 до 17 часот и да консумираат што е можно повеќе лесна храна.
Башким Сулејмани