ВМРО нема да гласа за уставни измени и по средбата со европската тројка

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под диктат на Бугарија. Ваквиот став го повтори и на средбата со тројцата високи претставници на земјите од ЕУ, Германија, Франција и Полска. Според ВМРО, парламентарното мнозинство е свесно дека нема две третини да ги направи уставните измени за кои нема национален консензус и кои се направени со наметнувањето на Бугарија.
Додека пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели рече дека ДУИ и АА не бараат отстранувањето на 20 отсто за албанскиот јазик да биде дел од Уставните измени. Тој рече дека албанската опозиција до крај ќе инсистира на отстранување на 20%.
„Она што го гледам на официјалните средби со странските дипломати, кога станува збор за ДУИ и Алијансата за Албанците, тие не се занимаваат со ова прашање. Кога сме на официјални средби со странски дипломати, тие никогаш не го покренале прашањето за 20%, едноставно зборуваат за уставни измени, но прашањето за 20% не било дел од нивната дебата. Единствена што го покрена ова прашање на средбите со странски дипломати е Движењето БЕСА“, рече Зендели.
Од Алијансата за Албанците јавно во неколку случаи нејзиниот претседател Таравари изјави дека уставните измени ќе бидат условени со бришење на 20-те проценти од Уставот.
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми го избегна прашањето за бришење на 20 отсто и ставање на албанскиот јазик во Уставот, поврзувајќи го прашањето за 20 отсто со Русија.
Прашање: Кога се во прашање уставните измени, албанската опозиција инсистира на 20%. Дали се разговара да биде дел од идните уставни измени, бидејќи тоа што не се разговара покажува дека ние во Европа ќе одиме со јазикот од 20%, а не со албанскиот јазик. Прво и второ, каде на друго место во Европа постои практика еден јазик на еден народ, во случајов најстариот јазик во Европа да се нарекува 20%?
„Засега треба да им се честита на албанските политички партии бидејќи низ целиот процес на конструктивен начин ја покажаа важноста на овој процес и секое оправдување за условување, блокирање, инхибирање на евроинтегративниот процес, би било услуга за Русија и за Левица“, рече Адеми.
Мефаил Исмаили