Владата го утврди текстот на уставните амандамни и ќе го достави до Собранието

Владата го утврди текстот на измена на Уставот и одлучи да го достави до Собранието. Со интервенциите се предлага, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ да се додадат и бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.
Од Владата велат дека очекуваат конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците и постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија.
Очекувањата се дека уставните измени утре ќе бидат испратени во Собранието, а спикерот Талат Џафери идната недела ќе ја закаже уставната комисија, каде расправата ќе трае 10 дена. Во ваков случај, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот би се одржала во втората половина на август.