СВЕТ

Немири во Париз, барикади на улиците и солзавец!

Илјадници демонстранти вечерва се собраа на улиците на Париз во знак на протест против полициската бруталност и плановите за безбедносна политика на претседателот Емануел Макрон, за кои тврдат дека ги поткопуваат граѓанските слободи.

Advertisements

Полицијата употреби солзавец во протестите додека демонстрантите испукаа огномет во нивна насока, група млади луѓе го искршија излогот на една продавница.

На сличен протест минатата недела се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Партијата на Макрон неделава објави дека ќе изврши измени во предложениот закон, со кој се ограничува споделувањето фотографии и снимки на полицајци, откако наиде на силен отпор од јавноста и левицата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button