СПОРТФУДБАЛ

Исландски Бреидаблик испиша историја, Зрињски се спаси

Исландски Бреидаблик испиша историја откако со втора победа и вкупни 3-1 го елиминира ирски Шамрок Роверс и обезбеди второ коло во Лигата на шампионите, станувајќи прв претквалификант на кој вакво нешто му успеало.

Advertisements

Бреидаблик поради очајниот рејтинг на Исланд мораше да игра претквалификации за ЛШ, кои се воведени во 2018 година, мина два филтри, го прегази Будуќност со 5-0 во финалето и сега е прв клуб кој минал официјално прво регуларно коло во претквалификации, а тргнал од најслабата рунда.

Бреидаблик сега го чека дуел со дански Копенхаген во втората рунда, но Исланѓаните си обезбедија најмалку плејоф фаза во Конференциската лига, макар и да испаднат од ЛШ од данскиот гигант.

Босански Зрињски се спаси и се протна во второ коло и тоа после пенал-рулетот во пресметката со Уарту, кој успеа да ја надомести негативата од еден гол од домашниот меч и во 91-та да обезбеди продолженија (1-2), а со трет гол во дополнителните пола час да го добие мечот со 3-2, па ударите од белата точка да решаваат.

Во следното коло очекувано оди Раков со втора победа над Флора Талин со 3-0 (1-0 во првиот меч), Макаби Хаифа која со 2-1 славеше над Хамрун (4-0), Шериф Тираспол кој со 3-0 ја сомле Фарул Костанца после поразот во првиот меч со 0-1, како и Хакен кој со 2-0 вторпат го победи велшки ТНС (3-1). Бате Борисов со 2-0 славеше над Партизани Тирана после 1-1 во Албанија пред една недела./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button