ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција на повеќе локации, се апсат и високи функционери, бизнисмени и инспектори

Политичари, бизнисмени и инспектори се меѓу приведените во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) и Министерството за внатрешни работи, објави „360 степени“.

Advertisements

Според неофицијални информации, акцијата се спроведува од утрово на повеќе локации во Скопје и околината. Досега се приведени шест или седум лица, но со кривичната пријава се опфатени повеќе.

Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син. Дознаваме и дека приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде што Гури беше заменик-директор. Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.

Од ОЈОГОКК за „360 степени“ потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек. Најавуваат целосна информација во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button