ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против 15 физички и три правни лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

Advertisements

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.

Инаку, тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, информираа од МВР,  во септември 2020 година организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште осум лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП. Останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 година на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок, со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button