ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК бара кривичен прогон на Даштевски и други лица од ДИК за набавката на „фингерпринтот“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за сите одговорни во Државната изборна комисија до Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција, а во врска со набавката на опремата за гласања со идентификација на отпечаток на прст. Антикорупционерите сметаат дека при набавката на т.н. „фингерпринти“ е сторена штета врз Буџетот на Република Северна Македонија преку пропуштање дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.

Advertisements

Овие наоди се образложени во извештај од 19 точки на кои ДКСК работеше подолго време. Некои од главните наоди се дека не може да се констатира со задоволителен степен на уверливост, зашто првично проценетата вредност на набавката порасна од 300 000 000 на 720 000 000 денари, односно од околу 5 на 12 милиони евра. Сомнежи кај ДКСК има и поради фактот дека првиот тендер пропадна, па имаше промени во комисијата за јавната набавка, за потоа вториот обид да биде успешен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button