ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна собраниската процедура за уставните измени, пленарка на 18 август

Иницијативата за промена на Уставот стигна во Собранието и од денеска почнуваат и роковите за нејзино разгледување. По прифаќањето на иницијативата, првиот човек на Собранието ја закажа седницата на Уставната комисија за 25 јули, на која треба да расправа не повеќе од 10 дена, односно до 7 или 9 август. Пленарната седница Џафери ја закажа за 18 август.

Advertisements

Како што соопшти Владата, интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање на делови на народи во Преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот, кога се бројат деловите на народите во државата.

„Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, босанскиот народ и други“, се става запирка по зборот босански народ и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египетскиот народ. Согласно ова, беше подготвен амандман и во Комисијата за односи меѓу заедниците за зачувување на еднаквоста на претставниците во Собранието на сите заедници дефинирана во Преамбулата на Уставот“, наведоа од Владата.

Премиерот Ковачевски изјави дека по поднесувањето на иницијативата до Собранието, очекува конструктивна комискска и пленарна расправа, а потоа и меѓупартиски консензус.

Христијан Мицкоски најави координација во партијата и потоа ќе соопштат кои ќе бидат ивните чекори за процедурата. Тој повтори дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, однсоно не прифаќаат уставни измени по диктат на Бугарија и на начинот на кој тие се доставуваат до Собранието.

Потребата за менување на Уставот треба да ја поддржат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство. Осве тоа, бидејќи се работи за измена на Преамбулата, потребно е да се гласа со Бадентер, односно да процесот да добие и поддршка од најмалку 21 од 40-тте пратеници кои не се Македонци во Собранието.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button