ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССК бара Владата да се откаже од данокот за солидарност

Сојузот на стопански комори бара да запре постапката за донесување на Законот за данок на солидарност, кого Владата го поднесе во Парламентот со европско знаме. Овој солидарен данок, иако беше најавен дека ќе инкасира околу 90 милиони евра, сега во законот очекува прилив во буџетот од околу 140 милиони евра. Од Сојузот на стопанските комори велат дека овој данок е дискриминаторски за околу 200 фирми во земјава.

Advertisements

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека на овој начин не се намалува сивата економија, односно не се казнуваат оние кои не ги почитуваат фискалните обврски кон државата, не плаќаат редовни даноци, туку ги кријат и создаваат сива економија. Според него, законот е неправда кон оние фирми кои пријавиле приходи од успешна работа во време на криза. Нив власта сега сака да ги казни и да им наметне дополнителни даноци.

Вчера во рамките на 120-та седница на Собранието, со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, мнозинството ја поддржа потребата од донесување на Законот за данок на солидарност по скратена постапка. Во продолжение на фискалните реформи, со истата скратена постапка ќе се постапува и за измените во законите за ДДВ и за данокот на добивка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button