ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Орце Камчев ќе му прави друштво на Рамиз Мерко на Црната листа на САД

Бизнисменот Орце Камчев од денеска е на „црната листа“ на САД, објави американското Министерство за финансии. Според соопштението, Камчев заврши на „црната листа“ како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и други дестабилизирачки однесувања и тоа уште од раните 2000-тти години. Освен тоа, Камчев го користел своето коруптивно влијание и богатство за да манипулира со судскиот систем. Инаку, токму поради пријавата на Камчев, започна аферата Рекет по која шефицата на Специјалното обвинителство Катица Јанева заврши во затвор, а СЈО се распадна.