ВЕСТИРЕГИОН

Незапаметено невреме во Хрватска, има жртви и повредени

Нема кварт во Загреб кој не претпре штета, јавува ХРТ утрово, по олујата што вчера попладне што го зафати главниот град на Хрватска, но и останати делови од земјата.

Advertisements

Утрово, трамвајскиот сообраќај во делови од Загреб е во прекин, а граѓаните се предупредени да не шетаат по парковите. Билансот од вчерашното невреме е две жртви во Загреб и една недалеку од Нова Градишка.

Десетици се повредени, повеќето потешко.

Ураганскиот ветер вчера кршеше дрвја, носеше покриви на куќи, билборди…

Загреб се најде во потполен хаос. Граѓаните се во шок, повозрасните велат дека не помнат вакво невреме, кои им донело и материјални штета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button