ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царина заплени 27 илјади евра од патник на „Богородица“

Царинските службеници заплениле 27 илјади евра на граничниот премин „Богородица“, пронајдени во лична ташна на патник од Србија кој легално ја преминувал границата, но не поседувал соодветен документ за потеклото на парите.

Advertisements

Вкупната сума што била пронајдена е во износ од 47 илјади евра, но како што појаснуваат од Царинската управа, согласно Законот за девизно работење, на патникот и на неговата сопруга – сопатник им се вратени по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите, вкупно 27 илјади евра, привремено се задржани.

„На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани. Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка“, соопшти Царина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button