МАКЕДОНИЈА
Во Скопје казнети 213 возачи, 111 за брзо возење

На територија на Скопје вчера во сообраќајна контрола полицијата казнила 213 возачи, од кои 111 за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информира МВР, девет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за прекршоци од возачи на мотоцикл.
-Изречени се десет мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, соопшти Министерството за внатрешни работи.