ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Без интервенција од надвор тешко до справување со организираниот криминал“

Изјавата на амбасадорката на САД дека институциите треба да дејствуваат и да ги казнат сите оние кои се вклучени во корупција, според правните експерти е јасна порака дека САД се решени да продолжат со својата посветеност против криминалот и корупцијата. Адвокатот Александар Тортевски, вели дека на институциите во земјава им е јасно сè што зборуваше Агелер, но се прават дека не знаат ништо.

Advertisements

Завчера САД го ставија на црната листа бизнисменот Орце Камчев, за вмешаност во коруптивни активности. На 18 јули, на црната листа беше додадена и македонска компанија осомничена за развивање на шпионски софтвер. Претходно на 20 минатиот месец на црната листа беше ставен и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, исто така поради вмешаност во корупција и мешање во судските процеси. За состојбата на нефункционалност на државата против криминалот и корупцијата, според адвокатот Тортевски, најдобро сведочат меѓународните извештаи, каде довербата на граѓаните во институциите е минимална, особено во судството.

Во последната анализа спроведена од Балкански барометар, С Македонија е лидер на Балканот според нивото на недоверба на граѓаните во државните институции, особено во судството. Во 2022 година, недовербата на граѓаните во судството пораснала за дополнителни 10% во споредба со пред една година, па повеќе од 82% од граѓаните изјавиле дека немаат доверба во судовите и обвинителствата во земјата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button