ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Тетово остана без ингеренции врз гимназијата Кирил Пејчиновиќ

Првиот човек на Тетово, Биљал Касами, го нарече политички реваншизам повторното одземање на надлежностите на општината врз тетовската гимназија. Иако Министерството за образование не соопштува детали, овојпат на Касами му се одземаат правата за гимназијата Кирил Пејчиновиќ бидејќи општината не ги исплатила финансиските блок-дотации кон неа.

Advertisements

„Со ова само ќе ја продлабочат болката на граѓаните не само во Тетово, туку секаде бидејќи со ова само се обидуваат да ја попречат мојата работа, односно активностите што ги правиме за да го промениме животот на граѓаните. Кривичната пријава против директорот е поднесена согласно наодите од ревизијата, при што се констатирани сериозни повреди во управувањето со ресурсите на училиштето. Потоа не можевме да преземеме одговорност за пуштање на финансиски средства на истиот директор и да бидеме дел од злоупотребите. Повторувам, министерот на Рамиз Мерко, со истиот модел како и неговиот ментор во Струга и универзитетот каде што беше дел, сакаат да го спроведат тоа во училиштата низ Тетово, но тоа нема да го дозволиме“, рече Касами.

Касами ќе се жали за случајот, иако според него, не се очекува да има резултат од жалбата бидејќи правдата била заробена.

„Министерот на Мерко одлучува како неговиот ментор спротивно на Законот. Во законот многу јасно стои дека кога министерот ќе констатира прекршок може да му ги одземе овластувањата на првиот човек на општината, но не повеќе од една година. Знаеме дека ова е втор пат како се одземаат надлежностите. Ќе го обжалиме случајот, но џабе е да се жалиме во ова правосудство кое тие го заробија, оние кои сакаат да го спроведат системот на Рамиз Мерко и овде, но граѓаните на Тетово одлучија поинаку“, додава Касами.

Според извештајот, овластувањата на првиот човек на општина Тетово се одземаат за период од 12 месеци врз основа на инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат извршен во мај во СОУ„Кирил Пејчиновиќ“. Според извештајот, Касами го прекршил членот 101 од Законот за средно образование, односно не ги доделил наменските средства за блок дотации на училиштето.

Лани причина за одземањето на надлежностите беше разрешувањето на директорката на гимназијата и именувањето на вршител на должноста, по што министерството ја врати разрешената, а сега актуелна директорка, Теута Лала.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button