Казнети 314 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 314 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 14 мерки за нерегистрирани возила, 11 за технички неисправни возила за јавен превоз, 15 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 30 за некористење сигурносен појас, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 54 за непрописно паркирани возила, 34 возила се подигнати со „пајак“ и 21 санкција за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.