ВЕСТИРЕГИОН

Жртви и разурнување во Србија по невремето

Силните ветрови, поројниот дожд и град оставија зад себе три жртви во Србија. Постара жена го загуби животот во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрво во близината. Маж загинал во Бачка Паланка откако се обидувал да ги отстрани каблите за струја што паднале на портата од неговата куќа. Најпогоден од бурата беше Нови Сад, каде повеќе од 30 лица беа повредени, а 11-годишно момче загина од гром.

Advertisements

Во Западна Србија е прогласена црвена временска тревога поради опасност од силни ветрови и молњи. Во другите делови на земјата, Хидрометеоролошкиот институт издаде портокалова временска тревога, што значи опасно време. Штетите од невремето сè уште се проценуваат. Најпогодена беше Војводина, а од невремето без електрична енергија останаа неколку градови.

Според временската прогноза, викендов невремето ќе продолжи во Словенија, Хрватска и Србија. Токму низ автопатите во овие земји патуваат и многу наши иселеници, но и граѓани кои заминале на одмор некаде кон Западна Европа. Во моментов сите автопати и гранични премини се отворени.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button