МОН има пет предлози кога да почне и кога да заврши новата учебна година

Датумот на почетокот на новата учебна година, 1 септември, ќе остане, но со некои мали промени. Алсат обезбеди пет предлози што Министерството за образование ги подготви, а кои наскоро ќе бидат разгледани на владина седница за да се донесе одлука за еден од нив. Како што дознава Алсат:
Првиот предлог предвидува учебната година да започне на 1 септември, а да заврши на 11 јуни 2024 година. Првото полугодие ќе заврши на 29 декември, а второто ќе започне на 15 јануари 2024 година. Од 27 април до 6 мај 2024 година учениците ќе бидат на пролетен распуст.
Вториот предлог предвидува наставата да започне на 11 септември. Првото полугодие да заврши на 29 декември, а второто да почне на 15 јануари 2024 година. Наставата би завршила на 13 јуни 2024 година.“
Во третиот предлог се вели дека учебната година треба да започне на 1 септември. Првото полугодие да заврши на 29 декември, а второто да започне на 15 јануари 2024 година. Образовната година ќе заврши на 10 јуни 2024 година.
Четвртиот предлог предвидува наставата да започне на 4 септември. Првото полугодие да заврши на 29 декември, а второто полугодие да почне на 17 јануари 2024 година. Учебната година да заврши на 11 јуни 2024 година.
Петтиот предлог предвидува годината да почне на 1 септември. Првото полугодие да заврши на 29 декември, второто да започне на 18 јануари 2024 година. Учебната година да има пролетен распуст од 29 април до 5 мај 2024 година. Учебната година да завршува на 17 јуни 2024 година.
Унијата на средношколци ги поддржува предлог измени. Според новиот претседател на Унијата, Берин Мухамед, средношколците даваат согласност за предлогот кој предвидува и пролетен распуст.
„Одлучивме дека најдобриот предлог ќе биде оној во кој ќе имаме пролетен одмор. Со оглед на тоа што е стандард кој го има и во сите земји, во западноевропските земји кои сите имаат пролетен распуст, тоа е една од причините. Втората причина е што за тоа време сите ученици се испрашуваат за оценки, тоа е време за оценување. За тоа време, таа недела и неколку дена би ни послужиле нам како ученици да се одмориме и да учиме“, вели Берин Мухамед, претседател на Унијата на средношколци.
Според Министерството за образование, овие промени се прават со цел да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците. Без оглед на одлуката што треба да се донесе, Министерството за образование потенцира дека во секој случај наставниот процес би се реализирал во минимум 180 работни дена, како што е предвидено со наставната програма за основните и средните училишта. Исклучок се матурантите кои имаат настава од 166 дена.
Мелихате Рустеми