
Високите температури предизвикаа зголемени број на случаи на инфекции на грлото, увото и дигестивниот систем. Според лекарите, главни причинители за овие состојби се контаминираната храна и присуството на базени во кои често се среќаваат разни бактерии кои ги зафаќаат дишните органи.
„Луѓето кои користат јавни места, како што се базените доаѓаат со инфекции на горниот респираторен систем, особено на грлото и ушите, бидејќи стотици или илјадници луѓе можат да се капат во загадена вода, која може да биде контаминирана од болно лице, ова се бројките што доаѓаат кај нас деновиве. Сите намирници базирани на протеини, овошја и зеленчуци кои се чуваат на екстремно високи температури овозможуваат развој на различни микроорганизми, а буквално секоја храна е потенцијална причина за предизвикување здравствени нарушувања“, вели Седат Лимани, лекар.
Лекарите алармираат дека инфекциите често имаат сериозни последици по здравјето и апелираат да се сфатат сериозно и да не се занемаруваат.
„Сите инфекции не треба да се занемаруваат и да се третираат како нормални, бидејќи ако се вратиме неколку години наназад од компликација на инфекција во увото или грлото, може да дојде до септичка состојба. Многу често се јавуваат менингитис, воспаление или инфекција на обвивките на мозокот и самите клетки на менингоцефалитис. За жал, не ретко завршуваат со смрт “, додава др. Лимани.
Високите температури до 42 Целзиусови степени ќе траат до среда, а според Управата за хидрометеоролошки работи од четврток температурите ќе се спуштат до 35 степени. Земјата и понатаму е во портокалова фаза поради ризикот од високи температури. Здравствените власти препорачуваат да се внимава при излегување на сонце, граѓаните да носат посветла облека и да консумираат повеќе течности.
Вјолца Алити