ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Демолиран автомобилот на портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Митева

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева информира дека утринава своето возило го пронашла искршено и демолирано. Се работи за автообил марка фолскваген поло, на кој му е скршено задното стакло. Таа на својот фесјбук профил напиша дека некој се обидува да ја заплаши.

Advertisements

„Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ“, напиша портпаролката Митева на својот фејсбук профил, споделувајќи фотографии од возилото.

Реагираше и владејачката СДСМ. Оттаму го осудија вандалскиот чин. „Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество. Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот“, истакнаа од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button