Алтернатива и БЕСА со обвинувања до ДУИ и Алијанса за „20%“

Партиите од албанскиот опозициски табор на денешната дебата за нацрт-амандманите за уставните измени се фокусираше на фактот дека на маса не се најде и укинувањето на референцата „20%“ во Уставот која се однесува на за албанскиот јазик. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши рече дека од ДУИ било очекувано, но се запраша како Алијанса за Албанците се откажала од албанскиот јазик.
„Кажете ми која партија, на кој политичар или личност во оваа земја му пречи албанскиот јазик да се нарекува со свое име, а не да се именува со навредливи и дискриминаторски еуфемизми? Тоа го прават ДУИ и СДСМ, знаеме. Зошто Алијанса за Албанците го направи ова, навистина не разбирам. Додека министерот за правда ја носи оваа одлука и е еден од потписниците, од друга страна, претседателот на оваа партија на социјалните мрежи го брани албанскиот јазик“, рече Гаши.
Пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели, ги нарече лицемерни албанските партии на власт. Според него, партиите кои најмногу зборувале за 20 отсто денеска го поддржаа предлогот во кој не се предвидува замена на процентот со „албански јазик“.
„Ова се две спротивставени прашања. Не може да помине. Да се гордееш со својот јазик, а да го третираш од призмата на 20%. Немање државна храброст да го именуваш правилно. Ги разбирам политичките одлуки, но имаше политички функционери Албанци во Владата од албанските политички партии кои цело време зборуваа за 20%, а на крајот ова е предлогот, нема 20%“, рече Зендели.
Владејачките албански партии се бранеа со важноста на интеграцијата во ЕУ. Елми Азири од Алијанса за Албанците рече дека не се откажуваат од албанскиот јазик, но не можат да ја условуваат интеграцијата на земјата со случајот за „20%“.
„Со демократски средства ќе ја продолжиме битката да ја отстраниме навредливата дефиниција ‘20%’. Но, се разбира, оваа битка и нашата заедничка борба за членство во ЕУ не се заменуваат, а уште помалку ќе ја условуваат. Свесни сме дека штитот на ЕУ не трпи такви дефиниции. Наместо тоа, ЕУ е демонстрација на човековите права и слободи“, рече Азири.
Пратеничката на ДУИ, Арта Биљали, без да ја спомене потребата од бришење на фразата 20%, ги потсети своите македонски колеги што направиле пратениците Албанци за македонскиот јазик.
„Македонскиот идентитет не е засегнат од уставните измени. Сведоци сме дека и овој месец го признаа македонскиот јазик во ФРОНТЕКС. Ние бевме Албанците кои гласаа, а за жал дел од пратениците Македоцни не гласаа“, рече Арта Билали, пратеничка на ДУИ.
Во нацрт-амандманите што Владата ги достави до Собранието, не е предвидена интервенција во амандманот 5 од Уставот, со кој се дефинира употребата на албанскиот јазик во својство на службен.
Адријан Керими