ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Власта ги рекетира успешните фирми со солидарниот данок“

Дискусијата за Законот за данок на солидарност продолжи и денеска во Комисијата за европски прашања. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека со донесувањето на овој закон компаниите, кои според нив најмногу го полнат државниот буџет, ќе бидат принудени да се преселат во други земји каде не треба да враќаат пари само затоа што работеле повеќе.

Advertisements

Според нив, законот ја крие намерата на Владата да врши рекет врз нив бидејќи како што додаваат, во законот има недостатоци во транспарентноста како ќе се трошат вака добиените пари.

На ваквите обвинувања реагираше пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска, која рече дека ВМРО треба да зборува за своите адвокати и градоначалници.

Предлог-законот за солидарен данок, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување на еднократна такса за оваа година. Се однесува само на фирмите кои лани оствариле вкупни приходи поголеми од 10 милиони евра.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button