ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Ковачевски ќе се охрабри да побара одземање на концесијата за „Иловица“ или ќе продолжи да го брани ДУИ среде Струмица

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение прашува зошто министерот за економија Крешник Бектеши вчера ја закажа, па ја одложи прес-конференцијата на која требаше да информира за спојувањето на концесиите за „Иловица-Штука“. Прашуваат и дали премиерот Димитар Ковачевски ќе се охрабри и ќе побара одземање на концесијата или, како што велат, ќе продолжи да го брани ДУИ среде Струмица.

Advertisements

„Криминогената Влада на СДС и ДУИ дава зелено светло на Назиф Дестани за влез во ‘Иловица’, а тој нема никакво искуство со ископ на бакар и злато. Човекот на ДУИ, Дестани, знае дека влегува во сигурна бизнис-зделка. Оваа криминогена влада ги обезбедува лицата блиски до ДУИ со милионски профити на штета на интересите на граѓаните во струмичко“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Реакцијата на опозициската партија следува откако вчера, прес-конференцијата на министерот за економија, која требаше да се одржи во 14 часот, беше одложена за неодредено време. Новинарите трпеливо го чекаа Бектеши да се појави во Медија центарот на Владата, но по речиси час и половина излезе дека било залудно.

Од неговиот кабинет известија дека, поради дебатата која сè уште траела на владината седница, тој нема да биде во можност да излезе пред медиумите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button