МАКЕДОНИЈА

Повозрасна жена од Ресен се удави во Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера бил најден давеник.

Advertisements

СВР Охрид соопшти дека по направениот увид било утврдено дека се работи за 67-годишна жена од Ресен.

– Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Доктор од Здравствениот дом и Итната медицинска помош од Струга, констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button