ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА против уставни измени ако не се замени формулацијата „20%“

Беса оценува дека на ДУИ и на Алијанса за Албанците им пречи отстранувањето на 20 отсто од Уставот, односно им пречи албанскиот јазик. Според албанската опозициска партија, двата албански субјекти во Владата се откажале од заштитата на националните интереси.

Advertisements

„За ДУИ секој кој сака албански јазик во Уставот е про Русија, а за Алијанса за Албанците отстранувањето на 20 отсто го спречува членството на земјата во ЕУ. Таа малку ДУИ што остана, држена на стаклени нозе од неколкуте функционери на АА, очигледно отстапи од заштитата на националните вредности“, велат од БЕСА.

Од партијата на Билал Касами велат дека аргументите на власта не држат.

„Да се каже дека ЕУ е против албанскиот јазик е најантиевропскиот пристап. Да се каже дека за заштита на албанскиот јазик си со Русија и против ЕУ е веројатно најголемото „лудило“ на власта, која освен тендери и лични интереси, нема друга визија“, додаваат од БЕСА.

Алијанса за Албанците и ДУИ немаа реакција на обвинувањата на Движењето Беса. Прашањето за 20 отсто беше актуелизирано вчера кога во Комисијата за уставни прашања во Собранието се разгледуваа нацрт-амандманите за уставни измени. Албанската опозиција поддршката ја условува со отстранување на формулацијата – 20 отсто од амандманот 5 на највисокиот правен акт и замена со „албански јазик“. Од ДУИ велат дека оваа му дава алиби на ВМРО-ДПМНЕ да не ги поддржи амандманите, а од Алијанса за Албанците велат дека ќе бараат отстранување на 20 отсто со демократски средства, но не со условување на сметка на европската перспектива. Во моментов мнозинството нема 80 гласа за отворање на Уставот, акт за кој Собранието ќе гласа на 18 август.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button