СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Џеко, гол и две асистенции во одлична претстава

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на фантастичен начин дебитираше на официјален натпревар за Фенербахче.

Advertisements

Првиот настап го забележа во победата од 5:0 над молдавски Зимбру во 2. коло од квалификациите за пласман во групите од Конференциската лига.

Џеко играше и постигнуваше голови за Фенербахче во подготвителниот период. Првпат имаше можност да им покже на навивачите дека ќе биде вистинско засилување за Фенербахче. Тој постигна гол и додаде две асистенции во одлична претстава.

Реваншот се игра за една недела во Кишињев, но веќе е јасно дека Фенербахче ќе игра во третото прелиминарно коло од Конференциската лига.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button