МАКЕДОНИЈА

Мечки шетаат низ Галичник, Месната заедница бара помош од институциите

Галичник се соочува со проблем на зголемено присуство на мечки во населените места, за што од месната заедница досега повеќе пати официјално се обратиле до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) и до Државниот инспекторат за ловство, укажувајќи на проблемот и барајќи помош.

Advertisements

Од Месната заедница Галичник (МЗГ) утрово преку објава на нијзиниот официјален фејсбук-профил упатија апел до надлежните да реагираат и да дадат насоки, бидејќи, како што велат „одомаќинетите“ диви животни претставуваат голема опасност за лалното население.

Проблемот, како што може да се види од објавата, не е нов. За него од Месната заедница до надлежните институции со дописи се обратиле во 2019 и 2020, но судејќи по денешната нивна реакција, преку социјалните мрежи, сè уште чекаат на одговор.

„Месната заедница Галичник повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, велат од МЗГ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button