ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери навестува можно одлагање на чинот на гласање за уставните измени

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, навести дека по исцрпување на дебатата, можно е гласањето за уставните измени да биде одложено до моментот кога ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство. По денешниот брифинг со новинарите, собранискиот спикер рече дека станува збор за непредвидлива ситуација, но Деловникот го дозволува тоа, независно што расправата е закажана за 18 август, која како што потсети Џафери, трае најмногу десет дена.

Advertisements

„Чинот на гласање не е врзан за последниот ден, тоа да биде јасно во поглед на постапките. Тоа го предвидува Деловникот, а го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени, затоа што Собранието одлучува доколку го има потребно мнозинство за одлучување. Во тие рамки, не можам да претпоставам што и како ќе се случува, но формално Собранието ќе почне со расправа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено, зависи од конкретната состојба на деновите во кои тече расправата“, рече Џафери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button