МАКЕДОНИЈА

Пожар кај Страчинци, жителите пријавиле дека се шири кон околните куќи

Жители на селото Страчинци пријавуваат дека е запален пожар кој брзо се шири кон околните куќи. Дојавата стигнала околу 10 часот на единствениот број за итни случаи 112, а како што информираат од ЦУК на терен е екипа од противпожарната бригада која интервенира. Според пријавата, најверојатно станува збор за подметнат пожар.

Advertisements

Од ЦУК информираат дека до 10 часот утринава, во последното деноноќие немало посериозни интервенции на пожари во скопската околина, освен во атарот на с. Пагаруша (Општина Студеничани) каде била запалена ниска вегетација и мешана шума, па од скопската противпожарна бригада интевренирале шест пожарникари со две возила во периодот од 16:45 до 19:15.

Во текот на изминатото деноноќие имало уште седум помали интервенции во околината на Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button