ЕКОНОМИЈА
Блокада на банкарските картички, паднаа Виза и Мастеркард

Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките. Паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, но засега само на шалтерите.