ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Спречено ширењето на пожарот на хрватскиот остров Чиово

Пожарот на хрватскиот остров Чиово сè уште не е изгаснат, но утринава состојбата е многу поповолна од вчера, објави Здружението на Хрватската противпожарна бригада.

Advertisements

Уште има пламени јазици и чад на места, а во текот на ноќта 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедувале опожарениот простор.

Во 5:45, канадерите заминале на поправка, јави ХРТ.

И покрај тоа што силниот ветер го отежнувал гаснењето, пожарникарите вчера попладнето и ноќта успеале да спречат негово ширење, па немало опасност за објектите.

Според проценките, опожарени се околу 450 хектари трева и ниска вегетација.

Големиот пожар во островот Чиово избувна вчера попладне, а пожарникарите се жалеа дека ветрот го отежнува гаснењето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button