ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Македонија е пред вето одвнатре

Уставните измени се техничка измена на Уставот, нема забелешка за амандманите, тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Овојпат, додаде тој, земјата не е пред вето однадвор, туку такво нешто може да дојде одвнатре.
„Ако вето за Северна Македонија за евроатлантските интеграции досега доаѓаше од надвор, денес ветото за првпат може да дојде одвнатре, од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции“, рече Ковачевски.