ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Спасовски: Флешери на возилата имале градоначалници, министри, раководители, но сега нема

Флешери на возилата имале градоначалници, министри и раководители, но во минатото, сега не, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали вакви уреди има и на возилата и на членови на СДСМ, како што беше случај со запаленото возило, кое медиумите го поврзуваат со првиот вицепремиер Артан Груби.
-Дали имало во политички партии? Имало. Дали имало и во СДСМ? Имало едно време. Меѓутоа сега не смеат да се осмелат заради тоа што знаат дека исто ќе реагираме како и за секој еден друг. Така што, имало и градоначалници и министри и раководители коишто имале такви уреди за коишто платиле казни, вели Спасовски.