ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека по 45 минути

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, за излез од земјава на ГП „Богородица“ и за влез во земјава на ГП „Табановце“ се чека околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.