ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Изгореното „Ауди“ во дворот на Груби отвори сомнежи за тежок криминал

Изгореното „Ауди“ во дворот на Артан Груби отвори сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Всушност еден криминален чин на виделина извади друг. Но Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Имено аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55 000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на сè, Артан Груби добива право на користење на аудито осум дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена. И зарем во ова нема ништо сомнително за обвинителството?!“, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кој така дава вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80 000 евра?

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button