Гостиварските села Форино и Чегране немаат канализација, отпадните води течат низ отворени канали

Во отсуство на соодветна фекална канализација, жителите на селото Форино и дел од селото Чегране, ја испуштаат канализацијата на отворено, каде секогаш мириса лошо и го загрозува здравјето на жителите, но и на децата кои играат во ова маало. Велат дека со години барале решение во општината, но без резултат.
Од општина Гостивар велат дека има проект и дека се обезбедени средства во износ од 6 милиони денари за решавање на проблемот, но без да се прецизира кога ќе започнат работите со канализација во овој регион.
„Средствата се предвидени во програмата за развој и во Буџетот на општина Гостивар, така што, се обезбедени средства за фекална канализација во селото Форино и Чегране. Бидејќи досега работевме во Чегране и ќе продолжиме следната година”, вели Валбон Лимани, Општина Гостивар.
Жителите на Форино велат дека такви ветувања отсекогаш имало, но работите никогаш не започнале. Тие се жалат и дека се разболуваат поради нечистотијата создадена од фекалните води што поминува низ нивните домови.
„И општината и надлежните честопати велеа дека ќе го направат тоа и не го сторија. Имаме лоши услови инаку би го сториле тоа сами, тоа чини премногу. Нема решение за ова, велат дека ќе го поврзат со Чегране но тие не го дозволуваат тоа. Ова многу ни пречи. Довербата е нула во општината, бидејќи не е прва година што ветуваат, секоја година велат дека ќе дојдат и ќе ја регулираат и не доаѓаат“, вели еден жител.
Судбината на Форине, но и на Чегране, ја има и дел од градот Гостивар.
Башким Сулејмани