ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мостот на влезот на Визбегово не е безбеден

Мостот на влезот на населбата Визбегово е еден од 14-те мостови во земјата кои претставуваат опасност за граѓаните .

Advertisements

Мостот што води до Визбегово претставува потенцијална опасност за оние што поминуваат по него и под него. Дел од бетонот е оштетен и паднат, за што алармираше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во текот на изминатата недела.

Директорот на Центарот за управување со кризи предупреди дека ако некоја од бетонските плочи на мостот падне врз автомобил, ќе има жртви.

Граѓаните велат дека тешките возила уште повеќе го оштетуваат овој мост и додаваат дека не се чувствуваат безбедно кога поминуваат.

„Долго време знаеме дека не е безбедно, но не е преземено ништо. Не би требало да биде во функција. Големите камиони што минуваат целосно ќе го уништат. Секако дека не се чувствуваме безбедно“, велат граѓаните.

Пред повеќе од една година мостот беше во уште полоша состојба, но Град Скопје интервенираше и до одредена мера се намали ризикот. Испративме прашања до Град Скопје за да дознаеме дали планираат да преземат какви било мерки за да се избегне овој ризик, но досега не ни одговорија.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button