СПОРТ

Теренс Крафорд, ги обедини сите титули во велтер категорија

Американецот Теренс Крафорд го нокаутира сонародникот Ерол Спенс во Лас Вегас и стана првиот што ги обедини сите титули во велтер категорија.

Advertisements

Преговорите траеја повеќе од половина деценија, двајца фантастични боксери бркаа титули и победи, за утрово Крафорд да докаже дека е најкомплетниот боксер на денешницата, бидејќи во деветтата рунда го нокаутира Ерол Спенс Јуниор и со тоа стана прв во историјата што ги обедини сите четири титули во велтер категорија.

Спенс (31) во борбата влезе како светски шампион во верзиите ВБЦ, ИБФ и ВБА, а две години повозрасниот Крафорд го имаше ВБО појасот. Три пати во текот на борбата Крафорд го собори Спенс, кој успеа да стане и да продолжи. Спенс беше паднат во втората и двапати во седмата рунда.

Во деветтата рунда, Крафорд со технички нокаут ја оствари својата 40. победа во кариерата, од кои дури 32 со нокаут

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button